Струјата во втората половина од 2014 година поскапа за 4,78 отсто

од desk3
89 прегледи

Просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата во втората половина од минатата година изнесува 5,09 денари по киловат час и е повисока за 4,78 отсто во споредба со првото полугодие од годината-информираше Државниот завод за статистика

POTROSNJA STRUJE PREMASILA 157 MILIONA KILOVAT SATI

Според податоците на ДЗС, просечната цена на електричната енергија, без данокот на додадена вредност по групи на потрошувачи за индустријата, се движи од 3,9 до 8,21 денари по киловат час.

Просечната цена, пак, на природниот гас, без данокот на додадена вредност за индустријата, се движи од 27,49 до 28,72 денари по нормален метар кубен во зависност од групата на потрошувачи.