Актерката Блејк Лајвли, која неодамна го роди своето прво дете, ќе одигра слепа жена во нов филм.
Хероината на Лајвли ќе го поврати видот во лентата која ќе е првата улога за актерката по раѓањето. Режисер на филмот ќе биде Марк Форстер. “Блејк е неверојатна актерка со огромно присуство на екранот што ќе ја зајакне емоцијата на мојата хероина”, рече тој.
Сопругата на Рајан Рејнолдс ќе соработува со Џејсон Кларк, кој Форстер го опишува како “фасцинантен, силен и бестрашен во својата работа”. “За мене како режисер е инспиративно да работам со овие двајца актери”, рече уште тој.