Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Атлантски пакт нема да го почитува ставот на Русија по прашањето за пристапување на Црна Гора кон пактот.
“НАТО нема да се усогласува со руското вето за членството на Црна Гора во Алијансата”, рече тој за време на посетата на Рим. “Одлуката за членството на Црна Гора во НАТО ќе се земе подоцна, но едно е сигурно – нема да прифатиме вето на Русија”, рече генералниот секретар на италијанската комисија за надворешна политика во Сенатот. Според него Русија “нема право да го блокира членството на Црна Гора во НАТО”.
“Земјите-членки во пактот можат да ги извезуваат своите аргументи против проширувањето на НАТО, но Русија е трета земја и нема никаква можност да влијае врз оваа дебата”, истакна Столтенберг. / Бета
