Владата објави јавен повик за директор на ФЗОМ

од desk3
85 прегледи

fzo-520x346
Владата денеска објави јавен повик за директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија кој ќе трае до 15 март 2015 година.

Во огласот е наведено дека кандидатите треба силно да веруваат во сопствениот капацитет, да поседуваат менаџерски способности и лидерски вештини, способност за тимска работа и да се подготвени за целосна посветеност, силен ангажман и предизвици во периодот на спроведување на значајни структурни реформи во земјата и остварување на политиките на Владата на Република Македонија.