“Пуч” и во Грција- Ципрас ги обвини Шпанија и Португалија за обид за преврат

од desk3
79 прегледи

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ги обвини Шпанија и Португалија во спроведување на заговор за соборување на неговата влада, нагласувајќи дека тие се плашат од радикалните сили во своите држави пред изборите оваа година, објави Ројтерс.

Greek Prime Minister Alexis Tsipras at EU Parliament

Тој исто така ги отфрли критиките дека Атина повлекла некои свои ветувања, за да си обезбеди продолжување на кредитната линија од еврозоната, велејќи дека гневот меѓу германските конзервативци покажува дека неговата влада добила попусти.

Но во говорот пред неговата партија СИРИЗА Ципрас ги нападна Мадрид и Лисабон, откако ги обвини дека презеле цврст став во преговорите кои доведоа до продолжување на спасувачката програма за Грција со четири месеци.

Против нас се спротивстави оска од сили, предводена од владите на Шпанија и Португалија, кои очигледно од политички причини се обидоа да ги доведат водените преговори до работ, рече Ципрас.

Нивниот план беше и е да се урне или да доведе нашата влада до безусловна капитулација пред нашата работа да започне да дава плодови и пред грчкиот пример да влијае на другите земји и главно пред изборите во Шпанија, додаде тој.

Некои анкети покажуваат дека новата шпанска партија “Подемос” е најголемата закана за Народната партија на премиерот Мариано Рахој пред парламентарните избори кон крајот на годината.

Пред гласањето во Грција во јануари Рахој ја посети Атина, каде ги предупреди гласачите да не веруваат на “невозможни” ветувања на СИРИЗА.

Во Португалија ќе се одржат избори по летото, но во земјата нема силни партии како СИРИЗА и “Подемос” кои се противат на “стегање на ременот”.

Во интервјуто објавено пред говорот на Ципрас, премиерот на Португалија Педро Пасо Коељо демантираше дека Португалија зазела цврста позиција во преговорите за Грција.

Ципрас уште изјави дека германските пратеници од конзервативната партија на канцеларката Ангела Меркел го нападнале грчкото лидерство по одобрувањето на договорот.

Сите го видовме силното противење од партијата на Ангела Меркел, која покажа дека неприфатливи отстапки биле направени на Грција, истакна Ципрас.

Потсетуваме вчера речиси сите германски пратеници во Бундестагот ја одобрија програмата за Грција.