Татковци доживуваат како е да си бремена за денот на мајката

од desk3
67 прегледи

Со наближувањето на денот на мајката кој во Велика Британија се слави на 15 март, тројца татковци решаваат да не им подаруваат цвеќе на сопругите, туку разбирање. Тие прифаќаат едномесечен предизвик кој ќе им помогне да почувствуваат што значи да си бремена, пишува “Дејли мејл”.

zx450y250_2480386

Џејсон Брам, Стив Хансон и Џони Бигинс цели 30 дена ќе носат специјални “бремени” костими, а нивните искуства ќе ги објавуваат во блог креиран за случајот.

Костимите вклучуваат стомак и вештачки гради, а за да се постигне максимален ефект од доживувањето, во стомакот се градени 2 камења со просечна тежина на стомакот во бременоста.

Стив Хансон, татко на 12-годишен син, напишал дека секој ден обичните нешта, како тоа да си ги обуеш чорапите, се претвораат во задачи со зголемена тежина.

Тројцата “бремени” Англичани работат во Барселона и ги носат костимите насекаде, на работа, во барот, дури спијат со нив. Дозволено е да ги соблечат само кога се капат.

zx450y250_2480380

“Се прашувам зошто бремените жени не користат инвалидски колички. Во работата седат на стол со тркалца и тоа е такво олеснување”, пишува Џејсон на 5-от ден од бременоста.

Наместо да оди од кабинетот до кујната или до друг кабинет, Џејсон ги штеди силите како чизгањето со столот на тркалца.

Татковци доживуваат како е да си бремена за денот на мајката
Задачата на разбирањето на искуствата на жените не вклучува само носење на тежок стомак. Костимот го пристиска мочниот меур, желудникот и градите и создава непријатности на тројцата “истражувачи”.

“Една од ноќите не сум заспал дури за секунда и воопшто не можев да си најдам удобна положба, во која да легнам и да заспијам”, раскажува Стив. Тој се обидел да си создаде удобност со наредени неколку перници околу стомакот, а женските гради, кои во почетокот му биле особено интересни, станале ужасно бреме.

Од тежината и осцилирањата на стомакот Џони Бигинс почнува да се чувствува лошо и се мораше да побара лекарска помош. Тој бил загрижен дека фармацефтката во локалната аптека најверојатно ќе експлодира од смеа кога ќе го види пациентот со атипични жалби, но таа се однела професионално и му дала еластичен појас кој ќе го стабилизира стомакот. Уште во првата недела Џони вели дека чувствува врска со своето “бебе”, што го крстил Бум. Во својот дневник тој пишува “Се чини дека Бум веќе го покажува својот карактер. Јас го галам, дури во некои моменти се фачќам дека му зборувам”.

Татковците прават и видео кое го качуваат на нивниот сајт. Раскажуваат за работите кои ги откриваат за себе, со нетрпение го очекуваат последниот ден од бременоста, но се сигурни дека чувствувале поголемо почитување кон сопругите.