Во Романија втора жртва на вирусот на грип Х1Н1

од Vladimir Zorba
169 прегледи

Вирусот на грип Х1Н1 ја однесе втората жртва во изминатите десет дена во градот Арад, Северозападна Романија – 38-годишен маж, кој една седмица се лекувал во болница, јави БТА.

grip-zena (1)

Пациентот починал вчера. Заразувањето со вирусот А/Х1Н1 било потврдено од Научно-истражувачкиот институт за микробиологија и имунологија „Кантакузино“ во Букурешт.

Една седмица претходно од вирусот на грип А/Х1Н1 почина 42-годишен маж, исто така од Арад/МИА