“Побргу камила ќе влезе низ иглени уши, отколку богатиот во царството божје”- МПЦ ги поскапе погребите и венчавките

од desk3
254 прегледи

Од 500 до 1.000 денари изнесува покачувањето на цените за верските обреди на МПЦ – ОА, односно крштевка, венчавка и погреб, па така сега погреб со еден свештеник чини 3.000 денари, а венчавка со еден свештеник 6.000 денари, пишува ТВ Нова.

images (1)

Оваа одлука владиците ја донеле во почетокот на минатиот месец, а во некои епархии таа веќе почнала да се спроведува. Покачувањето, како што велат од МПЦ, било од економски причини.

Во скопската епархија сега крштевка чини 4.000 денари, венчавка со еден свештеник 6.000 денари, венчавка со тројца свештеници 7.000 денари а погреб 3.000 денари.