Блиските врски на земјите од Западен Балкан со Русија не се во конфликт со нивните напори за понатамошно приближување кон Европската унија.
Во врска со изјавата на државниот секретар на САД Џон Кери од минатата недела, во кое тој вели дека Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Молдавија, Грузија и Транснистрија се наоѓаат на “линија на огнот ” меѓу САД и Русија, изворите од германското Министерство за надворешни велат дека “Германија, заедно со своите европски и други меѓународни партнери се ангажира за просперитетна иднина на земјите од Западен Балкан . Фактот дека многу земји од Западен Балкан традиционално имаат посебни и блиски врски со Русија не е во спротивност со понатамошното приближување кон Европската унија, како што покажува и примерот на земјите од Западен Балкан, кои веќе се членки на ЕУ ” пренесуваат повеќе медиуми во регионот повикувајќи се на информацијата на MIA.
Потсетуваме дека минатата недела државниот секретар на САД Џон Кери ја истакна “огнена линија” околу Бугарија на Балканот. Пред Комисијата за надворешна политика на Сенатот Кери изјави дека голем број европски земји, меѓу кои Македонија, Косово, Србија и Црна Гора се наоѓаат на “нишан”, кога станува збор за односите меѓу Вашингтон и Москва. “Кога станува збор за Македонија, Косово, Србија и Црна Гора, како и за земји како Грузија, Молдавија, Транснистрија – тие се присутни на нишанот”, рече Кери, одговарајќи на сенаторски збор за руското влијание во Европа. Тој се согласи со тврдењето на Кристофер Марфи дека “Русија води успешна пропагандна војна во контекст на украинската криза”.
