Термоцентралата Рек Битола проработе. Доцна синоќа е вклучен во електро – енергетскиот систем еден од блоковите, додека вториот се очекува да биде во функција во текот на денешниот ден – информираат од ЕЛЕМ.

Третиот блок ќе се вклучи доколку има потреба. Вчера најголемиот произведувач на струја РЕК Битола беше надвор од употреба кога два блока беа исклучени од системот поради технички отстапувања, а третиот не функционираше поради модернизација на котел.