Северна Кореја го поздрави нападот врз американскиот амбасадор во Сеул и го утврди дејството како “фер казна”, пренесе AFP.
“Фер казна за американските љубители на војната”, коментира севернокорејската официјална новинска агенција неколку часови по нападот. Според Пјонгјанг нападот е “чин на отпор” против американското присуство на Корејскиот полуостров.
Претходно беше соопштено дека напаѓачот е националист, кој е против воените вежби меѓу Јужна Кореја и САД, кои во моментов се спроведуваат во регионот.
Во болницата рекле дека амбасадорот има 80 конци на лицето.
Лекарите посочиле дека тој имал длабока рана, со должина од 11 сантиметри и дека доколку била нанесена малку пониско, би можела да ја пресече каротидната артерија, што би било опасно по живот.
Покрај тоа, амбасадорот се здобил и со повреда на левиот зглоб.
