(ВИДЕО) Има конкретни осомничени за убиството на Немцов, овие момци ја презедоа одговорноста

од desk3
208 прегледи

Веќе има конкретни осомничени за убиство на рускиот опозиционер Борис Немцов, застрелан на 27 февруари во Москва, објави шефот на руската Федерална служба за безбедност Александар Бортников, цитиран од “РБК дејли”. Истрагата сепак ги разгледува само “како верзија”, прецизира тој.

Image_4636403_126

Според извори на весникот во тајните служби истрагата работи претежно во возилото “ЗАЗ Шанса”, со кој изгледа избегал убиецот на Немцов. Автомобилот е пронајдено но и првичниот нежгов сопственик. Сега се испитуваат сите кои имале пристап до возилото.

Истражно-оперативниот тим вклучува над 100 лица – и луѓе од територијалните структури на безбедносните сектори, и вработените од централните апарати на Федералната служба за безбедност, МВР и истражниот комитет на Русија.

Се анализираат голем број видеа и податоци на мобилни оператори. “Од снимките веќе може да се суди дека наводните убијци најверојатно потекнуваат од јужните региони на Русија”, изјави во средата извор на телевизија Рен ТВ.

Меѓу клиповите поврзани со кривичното дело, весникот ги издвојува поставените во средата на интернет видеобраќањата на луѓе кои ја преземат одговорноста за убиството на Немцов. Се гледаат тројца младинци со оружје во раце, со маски  и облека со неонацистички симболи. Глас зад кадарот вели дека тоа се борци од одредот “Русич”, во кој влегуваат руски националисти од сепаратистички Донбас во источна Украина – тие го убиле опозицискиот политичар поради неговата “антируски активност”.

Весникот сепак наведува дека сајтови блиски до руските националисти, учествувале во украинскиот конфликт на страната на отцепниците и брзо ја определиле видеоснимката како провокација.

Претходно соговорници на “РБК дејли” од истрагата ја посочуваа како главна верзијата дека во убиството на Немцов се вмешани националисти. Весникот привлекува внимание дека истражниот тим е предводен од генерал Игор Краснов, прочуен со работа во големи случаи против руски националисти, вклучувајќи за атентатот врз поранешниот руски вицепремиер Анатолиј Чубајс во 2005 година и убиството на адвокатот Станислав Маркелов и новинарката Анастасија Бабурин во 2009 година во центарот на Москва.