Силно невреме над Балканот, се евакуираат граѓани

од Vladimir Zorba
134 прегледи

На Блакнот присутно силно невреме а на  Јадранот пристигна една од најсилните бури, која донесе црвен аларм и нанесе големи материјални штети.

96e1e12b698d798f91fd27a4a3501e52
Поради силен ветер неколку автомобили и камиони се превртени, а бурата оштети и билборди. Едно училиште остана без кров, а децата се евакуирани.  Официјалните лица се уште не јавуваат за човечки жртви.Силното невреме предизвикало големи проблеми и со електричната енергија. Во Задар половина час по полноќ пожарникарите имале полни раце работа, бидејќи многу од  дрвјата во градот и надвор од него биле искршени. Поради оштетување на патната сигнализација на патниот правец  Солин-Клиш се превртел камион, по што е запрен сообраќајот во дој дел од земјата. Невремето предизвикало големи проблеми и во Ријека. Силниот ветер ја откорнал фасадата на едно основно училиште и на неколку згради.  На удар на циклонот „Реа“ се најде и макарската ривиера, каде ветрот дувал со брзина и до 130 километри на час, а наврнале 17 литри дожд на метар квадратен во последните 12 часа.
61049735-bura-zadar