Исправена пред притисокот на доверителите, младата влада на Алексис Ципрас ги предизвикува правилата на дипломатијата, поддржувајќи нападен стил кој изгледа се допаѓа на Грците, но често ги иритира европските партнери.
Иако со широката насмевка е на средбите со своите колеги од ЕУ, 40-годишниот премиер Алексис Ципрас користи зборови кои можат да свират нагло во ушите на дипломатите.
“Грција не треба повеќе да биде сметана за колонија /…/ таа има свој глас, иако тоа ги нервира некои како / германскиот министер за финансии Волфганг / Шојбле, кој се изразува на начин понижувачки за грчкиот народ “, рече Ципрас пред парламентарната група ден по постигнувањето на договорот за продолжување на помош за земјата минатата недела.
Неговите зборови, главно за внатрешна употреба додека беше во опозиција, денес одекнуваат силно на европската сцена, каде лидерот на левичарската СИРИЗА сака да добие возврнато достоинство на својата земја, која доживеа шеста години на рецесија и невидени мерки за штедење.
Министерот за надворешни работи, Никос Кодзиас не останува поназад: “Некои сметаат дека Грција ќе продолжи да добива шлаканици. Нема да го дозволиме тоа”, изјави неодамна тој во радио интервју. Поранешниот комунист Кодзиас го започна својот мандат на крајот на јануари, декларирајќи се за помек пристап во санкциите против Русија во врска со украинскиот конфликт.
“Имаме право да ги зајакнуваме односите со земји од кои Грција може да има корист. Нема да креваме рака за да побараме дозвола како ученик на час”, објасни тој.
“Тие не го зборуваат јазикот на Европејците, туку свој јазик”, констатира во однос на новата влада Манолис Алексакис, професор по политичка социологија на Универзитетот во Крит.
Популарниот во медиумите министер за финансии Јанис Варуфакис се смееше во средата вечерта пред Француско-грчката стопанска комора: “велат дека не сум облечен по правилата на дипломатијата …” дека “не се прави тоа така”.
За време на маратонските состаноци со најголемите од еврозоната минатиот месец, грчките преговарачи на чело со Варуфакис ги раздразнија партнерите, оставајќи да протечат внатрешни документи за напнатото пазарење. “Тоа е ужасно, Грците се чини живеат на друга планета”, истакна тогаш висок европски претставник.
До нова иритација дојде овој викенд, кога Алексис Ципрас ги обвини владите на Шпанија и Португалија, дека се предводени од “агресивни конзервативни сили”, кои сакале да ја доведат земјата до финансиско задушување за време на преговорите за продолжување на помошта.
“Многу необична грешка според европските критериуми”, реагира портпаролот на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле. “Таков вид изјави не се прават во Еврогрупата”, додаде тој.
“Грција ги слабее своите позиции со реториката , тешка за разбирање за некој надвор”,рече Шојбле претходно оваа недела за телевизија А Ер Де (ARD). На грчкото јавно мислење, сепак ова однесување изгледа му се допаѓа: според една студија, чии резултати беа објавени во средината на февруари од блискиот до СИРИЗА весник “Авги”, 80 отсто од анкетираните го одобруваат начинот на кој Грција ги води преговорите во Брисел.
Други се малку загрижени: “Ние сме целосно изолирани, немаме водечка линија и секој министер се однесува како што сака”, вели со жалење Пасхос Мандравелис, политички коментатор на либералниот весник “Катимерини”, силно критичен кон новата влада. Според него овој милитантен стил се должи повеќе на недостаток на искуство, отколку на стратегија.
Социјалните мрежи и медиумите се забавуваат со пародии за машкиот судир меѓу грчките министри и европските соговорници. Неодамна по германската телевизија Цет Де Еф (ZDF) се појави сатиричен клип кој се исмева на клишетата за Германија и на оние за Грција, во кој Јанис Варуфакис се појавува како човек со ласерски очи, кој јаде деца, облечен во јакна, направена од ” кожите на мали германски овчари “.
