Страотно слетување на „вардарки“ во Љубљана: Помисливме дека е крај!

од desk3
94 прегледи

radicevic-vardarka-615x400

Ракометарките на ЖРК Вардар се уште се опоравуваат од големиот шок по страотното слетување на авионот на аеродромот во Љубљана. „Црвено-црните“ вечерва го играат важниот натпревар од Лигата на шампионите против Крим, но се уште се во шок по непријатната случка на вчерашното доаѓање во Словенија-информира Екипа.мк

„Беше хаос. Авионот почна со слетувањето и почна да се лула. Во прв момент помисливме дека е само турбуленција, но како што се приближувавме до земјата ветерот стануваше се посилен. Го видовме градот и пистата, но потоа авионот се искриви и почна да пропаѓа. Голем дел од нас почнаа да врескаат, а потоа одеднаш се крена. Никој не ни се обрати, а авионот дури 15 минути по ужасните сцени објасни дека сме биле под силен страничен ветер и дека ќе се обиде да стигне до другата страна на пистата. Верувајте, беше ужасно, а некои од нас кои не се плашат од летање помислија дека тоа е крај. На сите ни беше мачно, делувавме очајнички“ – изјави Јованка Радичевиќ за црногорскиот портал „Вијести“.

Останува да се види колку овие немили случки ќе остават трага врз настапот на „вардарки“ во Словенија, каде со евентуален триумф македонскиот првак и официјално би си го осигурал местото меѓу најдобрите осум екипи во Европа.

 

Изврор: Екипа.мк