Демократија и незнаење: за “Фејсбук”, Путин и други метаморфози

од desk3
131 прегледи

Уште од времето на Платон и Аристотел демократијата ја добила тажната слава на лошо управување на непросветлената толпа – Демос – која е загрижена за лични интереси, но не и за благосостојбата на општеството. Денес оваа критика не е популарна во високата политичка теорија, но битува непречено во масовните ставови и исплива на површината и во време на криза.

gx620_1074461

Целта на овој текст е да се потсети дека модерната демократија има доволно средства за справување со незнаењето, за неутрализирање на штетното влијание врз донесувањето на одлуки. Сепак кај нас многу од овие алатки или се оштетени или се користат неправилно, или паднале во погрешни раце.

Рационалноста на незнаењето

Да го земеме како пример едно британско истражување од 2013 година, што покажа дека публиката на Островот има погрешна идеја за скоро сите важни политички прашања. Луѓето масовно ги преувеличуваат димензиите на злоупотребите на социјална помош, имиграција, криминалот, забременувањето на тинејџерите, надворешната помош која Велика Британија дава на други земји, итн … Пример многумина веруваат дека надворешната помош е во топ трите на буџетските трошоци, а всушност таа е далеку повеќе скромна.

Едно неодамнешно истражување од 2015 година покажа дека мнозинството Британци не знаат дали ќе има парламентарни избори во текот на годината (да, ќе има), како и како се вика премиерот на земјата. И тоа е во земјата, која во меѓународните рејтинзи за политичко незнаење не се позиционира лошо – Велика Британија е во топ 5 најмалку неуки нации.

Овие листи немаат посебна научна вредност, бидејќи секоја нација има свои “темни дамки” на незнаење и многу зависи од тоа кои прашања ќе го изберете да го вклучите во истражувањето, но фактот си е факт – луѓето имаат погрешни претстави за бројни клучни општествени проблеми.

Се разбира, во тоа нема којзнае какво изненадување. Од индивидуална перспектива едноставно не е рационално да се инвестира време во барањето на вистината по повеќето од споменатите прашања. Луѓето имаат сопствен живот и нивната прва одговорност е во однос на него – како да постапуваат добро со своите најблиски, како да се добие максимална корист од можностите и сл. Современата демократија всушност ги охрабрува да го прават токму тоа, што доведува и до елитистичка критики за “консумеризмот”, кои не се ништо друго освен рециклирање на Аристотеловата загриженост дека Демосот е егоистичен и не гледа подалеку од носот.

Работите се посложени сепак. Денес публиката може да си дозволи да е “рационално неука”, бидејќи знае дека кога ќе дојде време за донесување на одлуки, таа ќе располага со доволно “сламки” и “објаснување” од два главни извори – политичките партии и медиумите – да се направи правилен избор. Во таа смисла и без да инвестира значително време во сопствено истражување на работите,исправена пред глачсачките кутии публиката ќе има можност за доволно јасен структуриран и рационален избор.

Ајде да видиме, сепак, дали и како партиите и медиумите кај нас ги исполнуваат овие свои клучни задачи, без кои демократијата ризикува да стане управување на неуко мнозинство.

Партиите

Во современите општества луѓето се поделени во две групи. Прво, огромно мнозинство што слабо се интересира за политика и како целина е несвесно, и второ, мали, но енергични и бучни “партизански” групи, кои ја следат секоја информација, но ја прекршуваат низ призмата на сопствената политичка и идеолошка визија. Овие “политички фанови” го филтрираат информациското море со една единствена цел – да се изведе уште еден доказ за сопствената праведност. Една од когнитивните задачи на политичките партии е да балансираат меѓу неосвесното мнозинство и политичките фанови. Ако бидат “прицврстени” од една од овие две групи, политичките партии го губат своето значење и немаат додадена вредност.

Два феномена од општото дејсвување се притеснети. Првиот е, се разбира, популистичката партија, која ветува дека ќе се води од расположението и “волјата на народот”, каква и да е таа. Оваа партија напушта секаква претензија да се едуцира електоратот, да е внатрешно консистентна и логична – таа само бара одредени ставови, кои можат да ја кренат над 4 отсто бариерата. Во типичен случај таква партија ќе го користи како антена некој homo erectus perhydrolens, чувствителен на тенките жици во народната душа.

Проблемот е кога до него ќе застанат претставници на етаблирани, големи партии, и почнуваат да ги повторуваат неговите мантри.

Втората опасност е сведување на партиската припадност до групата на навивачите. “Фејсбук” и социјалните мрежи создаваат огромни искушенија токму во оваа насока: човек зборува меѓу “пријатели” и фанови на неговите сопствени политички расположенија,а главна задача е да се пронајдат нови докази на сопствената праведност. Несогласните се “trolls,” (а тие често пати навистина се, бидејќи партиите ја разбраа вредноста на мрежите и почнаа да охрабруваат – материјално и духовно – фанови да земат активно учество во нив).

Да, Интернет ги демократизира политичките дебати, но тој потенцијално доведува и до нова сегрегација – до појава на хомогени, емотивно силно ангажирани групи кои ризикуваат да заживеат сопствен живот, различен од оној на огромното мнозинство на останатите во земјата.

За да не се случи тоа, партиите исто така имаат својата одговорност: тие треба да се борат против таквата политизација, бидејќи ризикуваат да се минимизираат агитациите на најревносните , градски, образовани поддржувачи кои имаат пристап до Интернет .
Искушуваните од филозофија на науката знаат дека реалноста дава факти за поддршка на секакви теории – во оваа смисла е безнадежна вежба да се тркате да собирате таква позитивна поддршка – таа никогаш нема да биде конечна. Пример има непроценливо количество факти за поддршка на тезата дека земјата е рамна (да речеме, никој не го видел крајот , насекаде изгледа рамна и др.)

Затоа Карл Попер внел друг стандард за научност – да се бараат факти кои ја отфрлаат конечно дадената теорија (на пример,патување околу светот , слика на Земјата од вселената, итн) Еден од проблемите на “Фејсбук” е што се уште не се напишани овие строги правила на докажување што ја прави гореспоменатата трка меѓу политички фанови можна.

Очигледно е дека реалниот политички живот не може да дејствува по принципите на “Фејсбук”. Што да се прави, сепак, ако постојат – како во случајот – две теории, од кои ниту една не беше конечна и научно отфрлена? Пак од филозофијата на науката знаеме дека во такви случаи се применува принципот на добронамерна интерпретација (principle of charity): интерпретираниот субјект се смета и третира во својата најдобра светлина до моментот во кој тој конечно ќе го отфрли позитивното толкување со своите постапки . Овој принцип има длабоки основи како почит кон човековата автономија и достоинство.

За жал, овој принцип не влегол во Фејсбук просторот, што доведува до свртување кон конспиративност и длабоко вкоренета недоверба практично во сè. Ако партиите скршнат од својата дејност, тие престануваат да имаат корисна додадена вредност за општеството.

Медиумите

Масовните медиуми се другиот филтер, кој треба да го “структурира” изборот на луѓето во услови на широко распространето незнаење за јавни прашања. И тука ситуацијата не е добра. Медиумите се поделени на два сегмента: прв – огромен – кој можеме да го дефинираме како Апологија на незнаењето. Таму секакви јавни ставови можат да бидат примени, ако се инструментално корисни за една или друга цел. Оваа цел е обично дискредитација на непријателите и глорификација на пријатели.

Во последните неколку недели во медиумите се ротираа пример следниве “докази” дека Кремљ нема ништо заедничко со убиството на Немцов:

– Путин е многу умен. Убиството на Немцов не му е поволно. Не го убил тој.

– Убиството на Немцов не е профитабилно за Путин. Путин не убил Немцов.Го убиле или Американците, или фашистите од Мајдан.

– Путин не го убил Немцов. Убиството на Немцов не му е поволна. Го убиле го заради пари, кои ги презела од странски спонзори.

– Немцов не е убиен од Путин. Родителите на пријателката на Немцов биле против нивната врска. Убиен е како одмазда за нејзиниот абортус.

Вистината е дека сеуште немаме целосна слика за трагичните настани во Москва и различни хипотези се можни, но аргументи како горенаведените онака се под потребниот минимум на смислена дебата. Сепак тие се речиси секојдневно пренесени и од централните изданија, што покажува дека медиумскиот простор престана да ги врши основните когнитивни функции.

Заклучок

Главниот заклучок од оваа анализа е дека модерната демократија има доволно средства за справување со масовно незнаење и неосвесност за клучни прашања, но овие алатки треба да се одржуваат во исправна состојба и општеството да има свест за нивната важност и вредност. Спротивно на мислењето за демократијата во антиката, таа не е управување на толпата, туку бара доста развиена политичка култура. Патот кон оваа култура е образованието.

Какви и реформи да правиме без внимание врз образованието во сите негови аспекти – во училишта, универзитети, партии, медиуми, Фејсбук и сл. – тешко ќе успееме. Целта не е сите да научат сè, туку сите да знаат барем која алатка за што и кога се користи. Едвај сум единствениот кој има чувство дека следиме згреши инструкции за користење на нашиот модел.

Конечно, да се потсетиме на теоремата на маркизат Де Кондорсе, еден од најраните поборници на когнитивната вредност на демократијата. Според неа, ако во една политичка заедница секој член има нешто повеќе од 50% шанса да даде точен одговор на некое прашање, при гласање колективната веројатност за точен одговор расте. При големи броеви на гласачите таа почнува да се приближува 100%. Во таа смисла не е потребно да имате општество со доктори на науките, за да се потпрете на демократија: потребна е базилна компетентност. А таа се обезбедува со современите форми на масовно образование, од кои не треба да ги исклучуваме ниту медиумите ниту партиите.

 

Текстот е на политикологот Даниел Смилов од порталот Култура”.