– Според мене, едно од возможните сценарија на власта е да го судрат народот, по партиска основа. Не на религиска, ниту на национална основа, иако и тоа го имаат правено. Убеден сум дека ќе се обидат да ги судрат меѓупартиски. Тоа нема да им го дозволиме, по ниедна цена – изјави Стево Пендаровски на трибината на тема „Осми март крик за слобода и демократија“ во Струмица.
