Сонцето изгреа во Абу Даби и со неговите први зраци авионот “Сончев импулс 2” се упати на првото патување околу светот на леталото напојувано само од енергијата што Сонцето му ја дава директно.
Авионот, пилотиран од Швајцарецот Андре Боршберг се одвои од пистата на аеродромот во главниот град на ОАЕ и се насочи кон Маскат, главниот град на Оман во 7:12 часот по локално време (4:17 часот по мк.), каде треба да пристигне на крајот на денот.
Авионот, кој се движи исклучиво со енергијата што успева да ја собере сам од сонцето тргна на патувањетп околу светот, подготвено од иницијаторите на проектот – швајцарскиот пилот и бизнисмен Андре Бјоршберг и неговиот сонародник и колега во воздухопловството Бертран Пикард.
Воздушното патување е со вкупно траење од пет месеци, но во ефективен лет авионот ќе биде околу 25 дена со брзина меѓу 50 и 100 километри на час. Во тоа време тој ќе мора да надмине 35 илјади километри. На кормилото ќе се менуваат Бјоршберг и Пикард.
Авионот со соларни панели ќе продолжи од Оман кон Индија. Потоа Бјоршберг и Пикард планираат да стигнат до Кина, по што им претстои лет над Пацификот. За време на прелетувањето се планирани 12 слетувања. Крајна точка на маршрутата е повторно ОАЕ.
“Сончев импулс 2”, конструиран во Швајцарија, е подобрена верзија на авионот “Сончев импулс” и има зголемени димензии. Распонот на крилата му е 72 метри, тежината – околу 2,3 тони. Во него има 17 илјади соларни ќелии. Авионот со соларна енергија ќе прелета над Индија, Кина, Њујорк и над Медитеранот, пред да стигне појдовна точка во Абу Даби.
За време на летот самото летало нема да употреби гориво. Леталото има четири електрични мотори и можност да чува енергија за ноќен лет. Тој може да лета неколку деноноќија без прекин. Транзицијата над Тихиот Океан е во две фази со слетување на Хавајските острови. Над САД се три фази со слетување во Феникс и Њујорк, по што ќе треба да се лета над Атлантскиот Океан. Оттаму во Јужна Европа или во Северна Африка ќе биде достигната првичната точка на полетувањето на крајот на јули или почетокот на август.
“Со нашиот лет сакаме да докажеме дека чистите технологии и обновливи извори на енергија ќе ни овозможат да оствариме работи кои до неодамна се сметаа за невозможни”, изјави Бертран Пикард.