Европа против даночни олеснувања за електронските книги

од Vladimir Zorba
117 прегледи
Еврокомисијата определи дека електронските книги нема да имаат корист од даночните олеснувања кои се во сила за нивните еквиваленти направени од хартија. Пониските даноци на физичките книги беа воведени со цел стимулирање на повеќе купувања и читање на литература. По проценка на Еврокомисијата, електронските книги спаѓаат во категоријата на услуги, а не на производи, бидејќи за нивно читање потребно е купување освен на самата содржина, туку и на уред на кој тие ќе се репродуцираат. ebook
Следејќи ја оваа логика, дигиталните книги не можат да имаат корист од даночни олеснувања, соодветни на оние за физичките.
Две од земјите членки на ЕУ – Франција и Луксембург внесоа во сила даночни олеснувања за електронски книги – решение за кое двете држави ќе бидат санкционирани. Даноците на дигиталната литература ќе бидат зголемени од 5,5 отсто (Франција) и 3 отсто (Луксембург) на 20, односно 17 отсто.
Веројатно одлуката на ЕК ќе предизвика дискусии за статусот на дигитално дистрибуираните филмови и музика, при што исто така е потребно уред за репродукција.