Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос се заканил дека ќе ослободи “бран од милиони економски мигранти и џихадисти” и ќе ги испрати во Европа, ако еврозоната не ги повлече наметнатите барања за штедење на Атина.
“Ако тие нанесат удар на Грција, треба да знаат дека мигрантите ќе добијат документи за Берлин. Ако Европа ни ги остави во криза, ние ќе ги преплавиме со мигранти и тоа ќе биде уште полошо. Можен е бран од милион економски мигранти, а има и некои џихадисти од Исламската држава мечу нив “, се закани министерот.
Каменос, лидер на десната Независна партија на Грција, која е во коалиција со владејачката левица СИРИЗА, изјавил дека пасошот на Европската унија за слободно патување во Шенген зоната ја направил Европа ранлива, пишува британскиот весник “Телеграф”.
“Ако тие ни удрат нас, ние ќе удриме нив. Ќе испратиме мигранти од сите земји, ќе дадеме документи со кои ќе можат да патуваат во земјите од Шенген”, рече Каменос.
Министерот истакна дека мигранти минуваат грчката граница секој ден. По неговата оценка на територијата на Грција во засолништа во целата земја се наоѓаат 10 000 луѓе.
