Социјалдемократскиот сојуз на Македонија синоќа во Универзална сала презентираше разговори кои, според нив, го покажуваат изборниот грабеж направен од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
На трибината лидерот на СДСМ, Зоран Заев, побара формирање на преодна влада во која нема да учествуваат лица кои извршиле криминал, како и оставки од премиерот Никола Груевски, од обвинителот Марко Зврлевски и од раководството на МРТВ.
