Делегацијата на СРС, која го посети гробот на Слободан Милошевиќ ја предводеше лидерот Воислав Шешељ, кој рече дека дошол да положи венци и да се поклони на „духот„ на српскиот претседател Слободан Милошевиќ, затоа што е срам за Србија што на некој херој од Хаг не му се одава државна почесет, а им се одава на мафијаши и криминалци и предавници како Зоран Ѓинѓиќ.

„Ова ми е прв пат доаѓаат на неговиот гроб и ние во Хаг бевме другари, пријатели и бев потресен поради тоа што ми е срам за Србија на еден јунак одо Хаг не му се дава некоја државна почести, а се слвата криминалци, мафијаши, предавници како Зоран Ѓинѓиќ.

Денес, целиот врв на државата мораше да биде тука, бидејќи тој бил убиен затоа што тој ги бранеше српските национални интереси. Историја сама ќе даде вистинска проценка за улогата на секој од нас во политички настани на деведесеттите години наваму.

Во Хаг, станавме верни пријатели и јас сум горд на тоа пријателство. Тој остана во моето сеќавање како остар борец, кој беше целосно подготвен за своите настапи во судот на Хашкиот трибунал, а во најмала рака го убија што не му обезбедија соодветна медицинска нега.

Но гробот на Зоран Ѓинѓиќ нема да го посетам, но можеби утре во 12 часот ќе го испрата својот заменик Немања Шаровиќ во Алејата на големи нови гробишта во Белград со глогов колец во рацете„ рече Шешељ. Меѓу оние кои го посетија гробот на Милошевиќ беа делегации од Кула,Кучево, Јагодина и други градови во Србија.
Стотици жители од Браничевскиот округ и од Србија, како и претставници на политички партии и здруженија денеска во Пожаревац го посетија гробот на Слободан Милошевиќ, поранешниот југословенски претседател, и положија венци и свежо цвеќе по повод одбележувањето на деветтата годишнина од неговата смрт.
Од претставниците на политичките партии беше поставен венец од страна на Александар Вулин претседател на Движењето на социјалистите, истакнувајќи дека Србија нема да го заборави својот прв демократски избран претседател.
– Милошевиќ згрешипри изборот на пријатели и соработници, но неговите непријатели непогрешливо го одбрале. Секој од неговиот непријател беше непријател на Србија, рече Вулин, кој бил во друштво на Милорад Vucelic.