Слика, на која се гледа облак кој личи нуклеарна печурка по експлозија, се издига од површината на Марс, ги крена во воздух духовите меѓу љубителите на теориите за заговор. Форуми посветени на вонземски живот, тврдат дека фотографиијата е “доказ” за тоа дека пред многу време на Марс имало цивилизација, но таа може да била уништена како резултат на нуклеарна војна. На предметната сателитска снимка се гледа зголемена дел од Валенса Маринер, кањон со должина од 4.000 километри. Таа е направена од Индиската организација за истражување на вселената.
Францускиот канал во Youtube UFOvni Disclosure направи краток филм кој покажува “облак од чад”, како што се тврди дека тоа е нуклеарна експлозија или вонземски метан. “Индискиот сателит, кој орбитира околу Марс, успеа да фати со објективот нешто чудно во гигантскиот кањон Валенса Маринер на Марс”, се вели во видеото. “На сликата се гледа огромен облак и ние можеме да шпекулираме, дали ова е многу редок песочнен облак предизвикан од ветрот, или е последица на нуклеарна или метан експлозија”, се вели уште во видеото.
Фотографијата е направена во исто време, кога кометата Сајдинг-Спрингс помина покрај Марс минатата година. “Кога кометата се приближи до Марс, НАСА ја прекина врската”, вели UFOvni Disclosure. “Но д-р Фриц Хелмут Хемерих успеа да направи видео од 1 200 метри во Тенерифе на Канарските Острови, на кое се гледа кометата веднаш по контактот со Марс и огромна експлозија”.
Д-р Џон Хорнор, астроном од Универзитетот во Јужен Куинсленд, Австралија, изјави за the Express: “Колку и да е интересно да се замисли дека тоа е доказ за нуклеарно оружје на Марс … за жал тоа не е така”. Според неговите зборови, “облакот” е оптичка илузија предизвикана од аголот на кратер.
Теоријата дека древна цивилизација на Марс била уништена при нуклеарен напад на друга туѓа цивилизација е доста популарна меѓу љубителите на теориите. Минатата година, физичарот Џон Бранденбург изјави дека, според него, древните марсовци, познати како Сидонци и Утопијанци, биле убиени при напад, а доказите за геноцидот можат да бидат видени и денес.
Во 2011 година научникот беше првиот, кој претпоставува дека црвената боја на Марс може да се должи на природна Термонуклеарна експлозија. “Површината на Марс е покриена со тенок слој радиоактивни супстанции, вклучувајќи ураниум, ториум и радиоактивен калиум, а материите дошле од жешка точка на Марс. Нуклеарната експлозија би можела да ги растера материите низ целата планета “, рече тој тогаш пред Фокс њуз.
Потоа научникот ја елаборираше својата теорија до ниво, според кое експлозијата немала природен карактер, туку била организирана од интелигентна вонземјанска сила. Според Vice, заклучоците во неговиот последен извештај велат дека нуклеарните изотопи во атмосферата, зборуваат за тестови на водородна бомба и може “да се пример за тоа како цивилизација била уништена од нуклеарен напад од вселената”.
