(ВИДЕО) Жена доби 365 предлози за брак во еден ден

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Американка доби 365 предлози за брак во еден ден.1425920143_365-proposal-zoom

Од роденденот на неговата девојка во 2014 година, нејзиниот дечко почнал секој ден да гo снима на бел лист хартија прашањето “Ќе се омажиш ли за мене?”. Тој снимал видео со секој предлог во секој ден од годината, а под прашањето го запишувал и датумот.

Потоа ги собрал сите предлози во едно видео и една година подоцна ја однел неговата девојка Џенифер и нејзиното семејство на патување во Аруба, каде започнал да се остварува најдолгиот предлог за брак.

Џенифер прво добила писмо од нејзината сестра, во кое пишувало да слезе во фоајето. Таму ја чекал нејзиниот брат, кој ѝ дал лист со насоки  да оди на плажа, каде што ја чекале родителите со таблет со  видео со 365 предлози.

Кога ја погледнала пораката таа се расплакала, а зад неа ја чекал нејзиниот маж со лист на кој пишувало “Ќе се омажиш ли за мене?”.