Косовскиот парламент го усвои законот против учество во туѓи војни

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Со 60 гласови „за“,17 против и два воздржани, доцна попладнево косовскиот парламент го усвои Законот за спречување на косовски граѓани да се приклучуваат во вооружени конфликти надвор од териоријата на Косово.

fhjgvjkbkl

Против законот гласаа пратениците од националистичкото движење „Самоопределување“,кои бараа да се смени името на законот. Според ставот на партијата,кој и петходно го изнесе пратеничката Албулена Хаџиу, никој не може да ги спречи Албанците да одат да им помогнат на своите сонародниците во некоја странска војна.

Пратеничката група на оваа партиа поднесе девет амандмани но не беше прифатен ни еден од нив.

Законот е усвоен по две расправи во парламентот а беше днесен со цел да се запре заминувањето на Косовците на боиштата во Сирија и Ирак.

И покрај сите апели, Косовците и понатаму заминуваат. На боиштата во овие земји,на страната на џихадистите на ИД се борат најмалку 300 Косовци а од нивните семејства потврдна е смртта на 25./МИА