Персоналецот ќе се пријавува и в понеделник

од Vladimir Zorba
82 прегледи
Граѓаните и в понеделник ќе можат да поднесат годишна даночна пријава за персонален данок на доход. Управата за јавни приходи информира дека поради тоа што 15 март, до кога треба да се пријави персоналецот, паѓа во неработен ден, пријави ќе примаат и на 16 март.
UJP

Регионалните дирекции и даночните одделенија ќе работат и в сабота до 14 часот.

Веќе од вторник 17 март ќе можат да се поднесуваат и исправки на поднесените годишни даночни пријави за персонален данок на доход.