Над 900 илјади Грци не можат да најдат работа повеќе од 12 месеци, а 300 000 луѓе целосно се отстранети од пазарот на трудот , претежно млади луѓе, кои никогаш немале работа, покажуваат податоците на грчката статистичка служба за четвртиот квартал од минатата година .
Во периодот октомври-декември 2014 година вработените биле 3 535 274, а невработените биле 1 245 854 лица. Нивото на невработеност изнесува 26,1% во четвртиот квартал во однос на 25,5% во претходниот. За споредба, во истиот период на 2013 година невработеноста во земјата била 27,8%.
Процентот на невработени жени е 29,6%, што е повеќе отколку кај мажите – 23,3%.Најсериозен е проблемот меѓу младите во возрасната категорија меѓу 15 и 24 години – 51,5%.Меѓу девојките процентот достигнува 56,9%.