Официјално: Хромбук Пиксел 2

од Vladimir Zorba
89 прегледи
Гугл официјално го пушти Хромбук Пиксел 2 и првото нешто што ќе ви остави впечаток е … дека нема таков. Дизајнот е сочуван, што не е лошо, бидејќи и претходно изгледаше добро. Обновени се внатрешните елементи, осигурен е подобар живот на батеријата и можеби најкарактеристична е намалената цена – 999 долари.Digital Life Review Google Pixel Laptop
Да, тоа не е евтин Хромбук лаптоп, но тој навистина носи премиум чувство и има прилично пристојни карактеристики.
Новиот Пиксел 2 доаѓа со Интел Кор и5 процесор, 8 ГБ РАМ меморија и 32 ГБ складирање.
Екранот има резолуција 2560 x 1700 пиксели и тој останува непроменет во новиот модел.
Хромбук Пиксел 2 ќе трае до 12 часа помеѓу полнења. Другата голема новост е додавањето на две УСБ Тип-Ц порти, кои можат да се користат за полнење на лаптоп, пренос на податоци или за врски со надворешен монитор или телевизор.