
Проектот опфаќа изградба на станбени згради со современ лик високи 50 метри и деловни згради високи 180 метри, кои ја напуштаат линеарната и ја прифаќаат вертикалната форма на град. Целиот проект оди во значително поголема висина од досегашните париски згради и има сосема поинаква естетика од класичната париска архитектура. Зградите ќе бидат сплотени заедно и ќе изгледаат и функционираат како една.



Објектите ќе имаат скалеста форма, одавајќи чувство како постојано да се напредува и да се расте сè повисоко кон небото. Зградите ќе имаат вкупно 200 апартмани, секој еден над друг, но со свој посебен карактер и печат. Замислата била да се обезбеди простор за индивидуално обликување на домот, независно од тоа што се живее во една голема станбена заедница како овие згради. Секој од домовите ќе има пространа индивидуална тераса, која ќе овозможи станарите да се чувствуваат како да се во сопствена пространа независна куќа наместо дел од зграда, односно во ист момент кога знаете дека сте опколени со соседи, сепак ја имате соодветната архитектонска форма како да сте сосема сами, изолирани од целиот свет.







Проектот, во суштина, предлага нова дискусија за архитектурата на Париз и можноста да се искористи на подобар начин потенцијалот за градење станбен простор во висина во Градот на светлината.




