Започна изградбата на гасоводот Клечовце – Штип

од desk3
110 прегледи

Во кумановското село Клечовце денеска започна изградбата на магистралниот гасовод делница Клечовце – Блок станица 5, дел од проектот за изградба на Националниот гасоводен систем во Македонија. Првиот дел од гасоводот во должина од 61 километар ќе го гради руската компанија „Стројтрансгас”. Вредноста на проектот изнесува 75,7 милиони долари, од кои 60 милиони произлегуваат од подмирувањето на клириншкиот долг.

gasovod-630x289

„Оваа делница е првата изградба затоа што ќе овозможи натамошен продор и ширење на целата гасоводна мрежа низ државата. Според планираното ќе бидат поврзани сите поголеми места со што гасот ќе стане достапен насекаде низ државата. Следните делници кои планираме да се градат се од Штип до Кавадарци преку Прилеп до Битола и Охрид, од Штип до Радовиш-Струмица-Гевгелија се до границата со Грција, од Струмица преку Ново Село до границата со Бугарија, од Скопје-Тетово-Гостивар преку Кичево -Струга до Ќафасан и границата со Албанија.„Најважно од се е придобивката која ќе ја имаат граѓаните. Можноста да се користи гас во домаќинствата ќе значи помали сметки за струја и греење што директно ќе се одрази на буџетот на граѓаните. Придобивки ќе има и економијата. Употребата на поевтин енергенс ќе значи поголем профит на компаниите, поголема конкурентност на домашниот производ, подобри услови за водење бизнис, а тоа ќе допринесе и за нови работни места во државата““, истакна премиерот Груевски кој присуствуваше на започнувањето на изградбата.