Дали Грците ќе ја добијат следната плата?

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, стравува дека на Грција ќе и недостасуваат пари на крајот на месецот за да ги исплати редовните обвсрки, пишува германскиот Франкфуртер алгемајне Цајтунг.

Foto: Beta/AP
Според тоа Грците треба да бидат подготвени дека платите и пензиите на државните службеници нема целосно да бидат платени до крајот на март, укажува весникот.

Лидерот на грчката радикалната левица, на власт е помалку од два месеци, ги пренесе своите стравови до претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, Германец, во интервјуто во Брисел во петокот, објави весникот.

“На Ципрас итно му се потребни пари”, рече Шулц за германскиот весник.

“За тоа мора да ја убеди Еврогрупата (на состанокот на министрите за финансии од еврозоната) и Европската централна банка за подготвеност да преземе реформи и од следната недела”, рече Шулц.

Ципарс има за цел од ЕЦБ да побара грчкиот плафон за задолжување на краткорочни обврзници да го подигне од две на три милијарди евра, вели истиот извор.

Мартин Шулц и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, го повикаа во петокот о шефот на грчката влада следната недела да упати писмо до Еврогрупата, со кое Атина се обврзува дека ќе ја спроведе приватизацијата и ќее обезбеди подобра наплата на даноците.

Ципрас на тоа се обврза, но остана нејасен, пишува германскиот весник и сугерира дека разговорите меѓу Атина и нејзините доверители, особено со Европската унија, доцнат и тапкаат во место веќе неколку недели.

На Грција во март и доспеваат големи рати за исплата, особено кон ММФ, нејзиниот главен кредитор.

Атина, која во петокот ја исплати нова транша на долгот од 336 милиони евра, должи уште 896милиони евра кон оваа финансиска институција, како дел од заемот од 240 милијарди даден на земјата од 2010 година.

Капацитет за позајмување на Грција е ограничена поради тоа што не може да позајмува пари на пазарот за средни и долгорочни кредити, а исплатата на едната транша на одобрен кредит од над седум милијарди беше суспендиран, се додека владата на радикалната левица не ги спроведе ветените реформи.