Претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов најави дека ќе поднесе кривична пријава против главниот и одговорен уредник на МРТ, Горан Петрески, како што вели тој поради злоупотреба на службена должност и дезинформирање на македонскиот народ, со што вели Ангелов се нанесува непоправилва штета врз јавноста-информира А1он.
На протестниот марш што го организираше денеска тргнаа стотици луѓе но бројката се дуплираше кога граѓаните веќе пристигнаа пред МРТ.
Граѓаните скандираа „МРТ на народот!“
Ангелов повторно, како и претходните денови побара да влезе во телевизијата и да достави снимки од скандалите на власта кои што ги објави опозицијата.
За првпат неговиот собир беше проследен и од екипа на Јавниот сервис. Полициското обезбедување не му дозволи да влезе во телевизијата и поради тоа тој снимките му ги предаде на новинарот од МРТ.
Повеќе ТУКА