(ВИДЕО) Чудо или коинциденција- икона спасила двајца пензионери при артилериски напад во Донбас

од desk3
80 прегледи

Украински проектил паѓа во домот на пензионерите Ана и Александар Безверхих, во околината на Донецк, додека тие се одмараат во спалната соба. Возрасните луѓе што едвај преживуваат под срушениот покрив, сега полека ги расчистуваат урнатините, пренесува НТВ. Ги спасува една случајност, во која тие гледаат Божја промисла. Дел од конструкцијата на покривот се задржува икона, која е во аголот на собата. Светиот образ ја задржува огроманта рушевина и спасува животот на старците.

20150314.bzroylwqfn

Уште понеобичен е случајот кога ракета од РСЗО “Град” влетува преку прозорец на храм “Св. Игнатиј Брјанчанинов “, полн со православни верници за време на служба.

Секако тоа се поединечни случаи. Почесто украинските проектили поразуваат цели, вклучувајќи и многу цркви.

Во Втората светска војна топџиите не пукале во црквите, за да ги заштитат колку можат, под изговор дека ги оставаат за ориентири на месноста. Но очигледно украинските артилерци или не знаат или нивната подготовка е благо речено несовршена, коментира НТВ.