Откако Грција се управува од Алексис Ципрас, ЕУ премина на “кризен режим”. Заедницата е принудена да се сеќава на времиња кои многумина сметаа дека одамна ги нема, пишува Александар Кудашев во својот коментар.
Политичката атмосфера во ЕУ е отруена. Отруени се односите меѓу Берлин и Атина, меѓу Атина и ЕЦБ, како и помеѓу 18-те земји од еврозоната и Грција. ЕУ тоне во сериозна криза, а можеби дури и е веќе во самиот нејзин епицентар. Од утробата на прекрасниот мировен план наречен ЕУ, одеднаш повторно избувнуваат национални, па дури и националистички тенденции. Одеднаш земјите-членки продискутираа меѓусебно како непријатели, а не како партнери, кои со децении живеат мирно.
И порано имало престрелки, но се почитуваат правилата
Несомнено е дека и предходно биле применувани трикови за време на преговори, предводени биле секакви пазарења, игри на покер , со надеж од тоа да се извлекуваат предности. Во слични игри учествувале сите земји-членки на ЕУ без исклучок. Но никој не бил повреден, ниту посрамотен . И никој не си дозволуваше отворено да се заканува дека нема намера да ги почитува ниту правилата, ниту договорите.
На новата грчка влада сепак, избрана благодарение на дарежливите предизборни ветувања и поддржана со солиден мандат,и треба токму тој тон. Со голема доза деснопопулистичкиот министерот за одбрана се закани дека ќе “пропушти” кон Европа половина милион бегалци, прекршувајќи ја на тој начин заедничката европска политика за азил. Грчкиот премиер Ципрас пак отвори нова партија покер околу темата за еврокризата, а инсистира и за репарации од Германија. Грчката влада не престанува да зборува за европските партнери и за “Тројката” како за окупатори, макар тие да се партнери на земјата.
Мора јасно да кажеме едно: земјите од еврозоната имаат желба да и помогнат на Грција. Се разбира не без одредени очекувања и барања. Главниот принцип е разумен: кој сака да се ослободи од долговите не смее да зема нови и нови кредити. Следејќи го ова правило, ЕУ веќе и помогна на Шпанија, Ирска и Португалија. По однос на Грција сепак подготвеноста за економска помош веќе се исцрпува. Во однос на ова новата влада во Атина има право. Грција е загрозена од економски и социјален банкрот. И што е уште полошо – Грција е потресена од државна криза.
Тактички потег со репарациите
Сепак ова не е причина Атина да бара жртвено јагне во лицето на Германија и тактички да го злоупотребува прашањето за репарациите од времето на Втората светска војна. Нема сомневање дека од морална гледна точка Германија мора да ги обештети пред сè останатите живи жртви од времето на окупацијата. Веројатно може и треба да се размисли дали не би можела да направи и нешто повеќе од досега стореното. Од правна гледна точка, сепак прашањето за репарациите е решено одамна. Но и тука клучна улога игра дипломатскиот тон со кој се игра со барањата.
Германија, а и голем број други држави од ЕУ, секогаш се обврзуваале во корист на Грција. Затоа е крајно време односите да се подобрат, а економските и политичките проблеми да се решаваат трезвено и суштина.
Ова како што важи за Атина, така и за другите земји од ЕУ. Инаку, по повеќе од 50 години успешна приказна, ЕУ може и да се распадне, без сама да го посака тоа. А тоа би било судбоносно.
