Покажал ли грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис среден прст на адреса на Германија? Спорот се наметна по неделниот пренос на германската телевизија А Ер Де, каде беше пуштен дел од запис.
На кадрите се гледа како во 2013 година за време на конференција во Загреб, Варуфакис покажува среден прст токму во мигот кога зборува за Германија.
Министерот го негираше тоа и ја утврди снимката како лажна монтажа.
Синоќа тој ја пушти во Твитер целата снимка со забелешка: “Ова е нефризираното видео од бескрупулозните медиуми .”
Линк отвора запис од речиси еден час. Некаде кон 40,30 мин од него Јанис Варуфакис го прави контроверзниот гест – среден прст!
“Во јануари 2010 година Грција едноставно мораше да објави дека не може да ги исполни своите обврски спрема – како што го имаше направено Аргентина – да покаже среден прст на Германија и да каже: Сега вие можете сами да го решите проблемот”, вели тој.
Не е јасно зошто Варуфакис сам се побива и им служи на сребрен послужавник храна на своите критичари, коментира германскиот весник “Билд”.