Со собирот кој го направи премиерот Груевски, тој покажува дека сака да си ја спаси премиерската функција, рече во вечерашната емисија на Ал Џезира Балканс проф. д-р Јове Кекеновски, еден од оснвачите на ВМРО-ДПМНЕ и еден од луѓето кои сака промени во партијата.

Тој вели дека премиерот не гледа дека пред неговата функција, треба да се спасат државата и партијата и порача дека Слободоумните патриоти токму тоа го поставиле за свој приоритет..
Чекаме поголем ангажман од ЕУ и сметаме дека треба да и помогне на Македонија, рече пак Радмила Шекеринска за скандалот со злоупотребите на власта.

– Опозицијата јасно рече дека скеој кој сака и може да помогне, тоа мора да го направи – одговори Шекеринска на прашањето дали очекува ЕУ да се вклучи во ситуацијата во обид да помогне да се излезе од кризата.
Таа објави дека СДСМ нема да сокрие ништо од снимките на прислушкувани разговори кои и се доставени а откриваат корупција, без разлика дали меѓу Македонците, Албанците или други.
– Рековме дека тоа што го имаме и нас не обврзува како партија и како одговорни луѓе. Водете сметка дека работиме во тешки услови и во делот на медиумите, и во делот на казните. Водете сметки дека ообвинителството се обиде да спречи објавување на сметките, а грото од медиумите се под контрола на партијата на власт. Ќе објавиме се и нема да правиме информации, ниту ќе даваме различни информации – рече Шекеринска