Лидерот на Српската радикална партија, Војислав Шешељ синоќа ги повика надлежните државни органи да го истражат имотот на сите политичари во Србија и рече дека мора да се започне од претседателот, Томислав Николиќ.
Претседателот на СРП го постави прашањето откаде му на Николиќ “милион евра” кои ги вложил во куќите во Бајчетин и на Сава и го нарече “криминалец”!
„Од каде му на него толкав имот. Николиќ мора да објасни како ги заработил парите кои се вложени во куќите во Бајчетин и на Сава кога платата му е нешто поголема од 100.000 динари. Мора да се истражи целата имотна состојба на политичарите во Србија, а таа акција треба да почне со имотот на Николиќ“, порача Шешељ.
Шешељ изјави и дека Томислав Николиќ има лажна диплома од факултет и тврди дека тој не знае ни каде е зградата од каде ја има дипломата.