Забавата е голема, политичките штети – исто така. Германија и Грција здраво се караат. Спорот во многу односи потсетува за непомирливоста на конфликтот помеѓу различните генерации.
Грчкиот премиер Ципрас сака да ги убеди Европејците дека неговата земја заслужува поголема поддршка. Не се знае дали сепак самитот во Брисел воопшто ќе го ислуша. Во Брисел веќе се нервозни до крајни граници, раскажува еден инсајдер. Тој објаснува дека финансискиот менаџмент на грчката влада бил несериозен, полн со технички грешки, а комуникацијата – директно катастрофална. На масата за преговора и договара за едно , но уште во првото интервју дадено од грчки министер, договорите одат на ѓубрето, незадоволно тврдат претставници на ЕУ.
Но и колективниот грчки организам се чувствува како Европејците го малтретира. И особено Германците. Најмногу министерот за финансии Јанис Варуфакис воопшто не се штеди на европлановите за грчкиот должнички проблем и постојано го привлекува вниманието на медиумите со секакви вербални предизвици. Пред некое време, на пример го нарече европскиот план за Грција “фискален воутрбординг” – по аналогија со измачување, администриран од американската армија во затвор Абу Граиб.
Односите меѓу Атина и Берлин достигнаа точката на смрзнување. Грчкиот весник “То Вима” ги нарече овие денови “Битката за Берлин”, а Панос Каменос, министерот за одбрана во коалициската влада, директно го обвини германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, дека води “психолошка војна”, за да ги уништи билатералните односи. Германскиот заменик-канцелар Зигмар Габриел, кој исто така е познат по својата политичка отвореност,го заштити својот колега Шојбле и изјави за “Билдцајтунг” дека така повеќе не може. Габриел и Шојбле се од различни партии, но без оглед на тоа Вице Премиерот не го криеше незадоволството од начинот на кој грчките министри го нападнаа германскиот благајник.
Еден недоличен гест
А од неколку дена на дневен ред е и … псредниот прст на Варуфакис. Во едно телевизиско шоу милиони Германци видоа клипче со говор на Варуфакис од 2013 година. Тогаш, уште во својство на професор по економија, Варуфакис зборува во Загреб за еврокризата и препорачува на Грција да си признае неликвидност, но и покрај тоа земјата да остане во еврозоната. И во еден момент покажува среден прст со зборовите: “… На овој начин ќе покажеме прст на Германија и ќе и препорачаме понатамошно сами да го решаваме проблемот.”
Двете главни актери во грчко-германската расправија се министрите за финансии на двете земји. Нивниот јавен судир по нешто потсетува на конфликтот меѓу татко и син. Од едната страна е помладиот Варуфакис: спортски тип со слабост кон Начинот на живот и марксистички ставови, човек од академскиот свет, човек на теоријата. Неговиот главен противник на европската финансиска сцена како да е неговата целосна спротивност и тоа во секој поглед. Волфганг Шојбле веќе петта деценија е пратеник од германскиот парламент. Тој има огромно политичко искуство и умее да постигнува компромиси.
Како конзервативец Шојбле ја става штедливоста на прво место и гледа со сомнеж кон секакво раздавање на државна милостина. И додека Грција се соочува на работ на државниот банкрот, Германија, за прв пат во последниве децении минатата година усвои избалансиран државен буџет – благодарение токму на Шојбле. Варуфакис, кој оди на работа во министерството со мотоцикл и никогаш не се појавува со вратоврска, личи малку на поп-ѕвезда. Додека Шојбле изгледа како типичен “слуга на државата” со протестантски ставови и штедливост. Кон ова треба да се додаде уште еден важен факт: за германскиот министер стабилноста на еврото е свето бидејќи особено од Берлинска гледна точка заедничката валута е клучен политички фактор.
Историска вина и стари долгови
Во политички фактор постепено се претвора и одново разгорената се дискусија за репарациите од времето на Втората светска војна. Документите од годините кога германските окупатори ја контролираат грчката економија, породуваат како правни прашања, така и многу психолошка тензија.
Официјалната германска позиција гласи дека оваа студија на случај одамна е завршена, но во Грција многумина возвраќаат: “Нели ви е срам?” Нешто повеќе, и во Германија неколкумина историчари и политичари ги разбираат барањата за дополнителни репарации – 70 години по завршувањето на војната . Аргументот на германската влада дека Грција ја вади темата на дневен ред, само затоа што итно и требаат пари, не е валидна, тврдат овие критичари. Бидејќи уште во 1995 година Атина му соопштила на германското Министерство за надворешни работи, дека не се откажала од своите претензии за уште репарации.
Вербалните судири меѓу Берлин и Атина веќе и штетат на целата ЕУ, за што навести претседателот на Унијата Доналд Туск. Пред весник “Зидојче цајтунг” тој зборува за “идиотско сценарио” и предупредува дека земјите од Еврогрупата зборуваат за опасноста Грција по глупава случајност да биде исфрлена од заедничката валута. Со поглед наназад кон двете ужасни војни во 20-тиот век Туск потсетува дека во европската историја има повеќе од доволно недоразбирања, глупави случајности и несреќни телефонски повици.


