Колку повеќе години поминуваат, толку повеќе луѓето се оддалечуваат од животот што нивните претходници го воделе.
Градовите стануваат сѐ повеќе пренаселени, поголеми, повеќе бучни и затнати .
И иако животот во урбана средина е интересен и носи многу придобивки со себе, човек често станува предмет на непријатни звуци и нечистотии, до одреден степен, поради немањето на доволно зелени површини. Затоа во многу градови во развиените земји архитектите се обидуваат да ги комбинираат урбаното и природното во едно.
Во италијанскиот град Торино , на пример, проектантската фирма Luciano Pia е дизајнирала пет-катна зграда , која ги минимизира горенаведените недостатоци, претворајќи го имотот во убава и зелена оаза среде урбаната џунгла.
150 дрвја се расфрлани по должината на надворешната страна на станбени згради и проголтуваат речиси 200 000 литри јаглерод диоксид за еден час . На овој начин зеленилото станува не само естетски убав архитектонски детаљ, но и важна помош во борбата против бучавата и загадувањето.








