Виндоус Хело – замена на лозинките и биометриката

од Vladimir Zorba
99 прегледи
Мајкрософт ќе воведе автоматска биометриска автентикација како опција во новиот Виндоус подоцна оваа година. Услугата ќе се вика Виндоус Хело и ќе им нуди на корисниците можност да го скенираат лицето, ирисот и отпечатоците, за да го потврдат својот идентитет и да добијат пристап до смартфоните, лаптопите и компјутерите со Виндоус.Windows-Hello-Windows-10-main
Софтверскиот гигант сподели дека податоците на корисниците ќе бидат складирани локално на уредите, зачувувајќи ја анонимноста за да може тие да бидат безбедни од хакери. Виндоус Хело ќе биде достапна само за нови уреди кои се компатибилни со услугата. Интел изјави дека сите уреди со РеалСенс Ф200 сензорот ќе можат да работат со Виндоус Хело.
Мајкрософт исто така го најави и Паспорт, нов систем кој апликациите и сајтовите можат да го користат за побезбедно влегување без лозинка. Опцијата постоеше во минатото за онлајн сметки на компанијата, но Вин 10 ќе користи нов систем за проверка на вклучените апликации и сајтови, без да испраќа лозинка, гарантирајќи заштита на процесот преку употреба на ПИН или Виндоус Хело.