Објавен повик за средства за систем „капка по капка“

од desk3
102 прегледи

Објавен е јавен повик за доставување барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година, за набавка на опрема за систем „капка по капка“ за пченка, сончоглед и фуражни култури и бунари за наводнување.

kapka_po_kapka1

Како што соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, повикот ќе трае еден месец, до 20 април 2015 година. Барањата доставени по крајниот рок нема да бидат разгледувани.

За оваа мерка финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50 отсто од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции, пренесе МИА.

Максималната вредност на прифатливи трошоци е до 922.000 денари за инвестиции во систем за наводнување на пченка и фуражни култури и до 364.000 денари за инвестиции за бунари.

Право на користење средства имаат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

Подетални информации заинтересираните можат да добијат во контакт центарот на Агенцијата на телефонот (02) 3097-460 или на електронската адреса [email protected] и на веб-страницата www.ipardpa.gov.mk.