Бугарија одобри формирање команден центар на НАТО на нејзина територија

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Бугарија денеска дозволи на нејзина територија да биде отворен нов команден центар на НАТО за да се обезбеди источната граница на тој сојуз против евентуална руска „агресија“.

36CF6BEBB9F69842A9369A8878104F10

Тоа е еден од шесте центри кој ќе биде поставен со цел да се формираат сили за брза интервенција од 5.000 војници. Пет други нови командни центри треба да бидат во Полска, Романија и балтички држави.

Бугарија забрани нејзината армија да биде под меѓународна команда, но парламентот денеска усвои амандман со кој се отфрла таа пречка. Половина од вработените во тој центар ќе бидат Бугари. Новиот центар за врски на НАТО во местото Горна Малина, на 20 км. источно од Софија ќе биде отворен во крајот на годината./МИА