Лидерот на Достоинство од пред законодавниот дом порача дека ова денеска е генерална проба, но и дека ќе има уште неколку.
– Вака ќе правиме уште неколку пати и ќе им влеземе кога најмалку очекуваат. И нема да можат да не спречат, порача Ангелов и најави дека протестите за МРТ продолжуваат се до собирање на критичната маса. Пред заминување од пред Собранието, Ангелов побара сите заедно да ја испеат македонската песна „Море сокол пие“.
Видео – А1он