Видео-Ѓоковиќ ја одбрани титулата во Индијан Велс

од Vladimir Zorba
126 прегледи

Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, во интересен и неизвесен меч славеше над Роже Федерер во финалето на мастерс турнирот во Индијан Велс со 2:1, по сетови 6:3, 6:7 и 6:2.

Novak Djokovic

Со тоа тој ја одбрани титулата освоена минатата година, но ова е негов четврт триумф на овој турнир (2008, 2011, 2014, 2015). Дополнително, ова е јубилејна педесетта титула во неговата кариера.

– Се исплатеше напорната работа во меѓу сезоната. Ништо не ми е подарено, морав да се помачам за да ја заслужам, да се борам за неа со посветеност на мојот тим против секојдневната рутина. Ова е одличен почеток,- изјавил Ѓоковиќ за Би-Би-Си по триумфот, кој доаѓа по претходно освоениот грен слем во Австралија.