Несогласувања околу рехабилитацијата на Дража Михајловиќ

од desk3
101 прегледи

Новата расправа за рехабилитација на четничкиот водач Драгољуб Михајловиќ, осуден во 1946 година, за велепредавство и соработка со нацистите, повторно ги потенцира несогласувањата помеѓу неговите поддржувачи и противници-информира БИРН Белград

Draza_Mihailovic1
Отворањето на судската расправа, на која што ќе се разгледува предложената рехабилитација на Михајловиќ, поттикна поделба меѓу оние што веруваат дека тој бил српски херој и нивните противници, кои го обвинуваат за контрола на силите што вршеле злосторства и работеле со нацистичка Германија за време на Втората светска војна.

Неговите поддржувачи велат дека рехабилитацијата е задоцнета, но неговите противници тврдат дека таа ќе нанесе штета на сликата за оваа држава во регионот.

Вахид Рамујкиќ, од движењето „Не за рехабилитацијата“, изјави дека рехабилитацијата ќе им нанесе штета на односите меѓу Србија и нејзините соседи, особено на односите со Босна и Херцеговина.

„Ако Србија го рехабилитира водачот на четниците, што ќе кажат Бошњаците? “, Праша Рамујкиќ, обвинувајќи ги силите на Михајловиќ, за етничко чистење на бошњачките села за време на Втората светска војна.

Рамујкиќ тврди дека рехабилитацијата ќе ги признае неофашизмот и четничката идеологија.

Од друга страна, пак, многу поддржувачи на Михајловиќ, веруваат дека нивниот поранешен лидер, конечно ќе биде рехабилитиран.

„Нацистите издадоа потерница по него во 1941 година, ветувајќи 200.000 рајх марки во злато [како награда]. Зошто тие би го направиле тоа, ако Дража соработувал со нив?“, праша Бобан Миљковиќ, од Равногорското четничко движење.

„По толку години, од 1946 година, па наваму, време е генералот конечно да ги добие назад своите граѓански права и достоинство“, вели тој.

Михајловиќ беше првиот што дигна народно востание против германската инвазија во 1941 година, по што, кралската влада во егзил во Лондон, набрзо го унапреди во генерал и министер за војската.

Но, кон крајот на 1942 година, Михајловиќ, сепак, бил убеден дека комунизмот претставува поголема долгорочна закана за Југославија од окупацијата на Оската, поради што се обидел да ги зачува своите сили за пресметка со партизаните на Јосип Броз Тито.

Кога комунистите дошле на власт во Југославија, тие го уапсијле Михајловиќ, кој во 1946 година во Белград бил изведен пред суд. Бил обвинет за соработка со силите на Оската и за водење преговори за прекин на огнот меѓу неговите сили и силите на Германија. Тој бил прогласен за виновен и погубен.

Четниците, во комунизмот беа забранети, но во 90-тите добија повторно на популарност во Србија.

Откако Србија го усвои Законот за рехабилитација во 2006 година, внукот на Дража, Воислав Михајловиќ, поднесе барање за негова рехабилитација.

Расправата започна во Белград на 27 февруари оваа година и ќе продолжи на 3 април.