Даниел Баер: Има сериозни тврдења кои ја доведуваат во прашање независноста на медиумите и судството

од Vladimir Zorba
85 прегледи

„Забележуваме дека има сериозни тврдења кои ја доведуваат во прашање независноста на медиумите во Македонија, на судството и почитувањето на основните демократски права кои Владата е посветена да ги заштити, изјави американскиот амбасадор во ОБСЕ, Даниел Баер покажувајќи сериозна  загриженост за политичките случувања во Македонија.

daniel-baer-540x248

Загрижени сме од влијанието на Владата врз медиумското покривање на актуелната ситуација и дека тоа може да ја попречи дебатата по прашања од јавен интерес. Карактерот на овие прашања бара итно внимание од македонските власти – граѓаните не заслужуваат ништо помалку”, изјави Баер во изјава која беше објавена и на твитер профилот на американската мисија.

Во неговата изјава се додава дека политичките лидери во Македонија од сите страни можат да побараат совет и поддршка од мисијата на ОБСЕ.