НАТО повторно го проверува оружјето на Балканот, воени вежби за авијацијата и пешадијата во Бугарија и Романија

од desk3
122 прегледи

САД вчера почнаа воени вежби во Бугарија и Романија во рамките на операцијата “Атлантска решителност”, соопшти официјалниот претставник на Пентагон, полковник Стивен Ворен, пренесоа БНР.

430x330

“Војниците од 173-а воздушно-десантна бригада на Армијата на САД пристигнаа во градот Галац, каде започнаа заеднички воени вежби со романски војници. Во исто време во Бугарија се одржаа наставни маневри со учество на две единици на командата на копнените сили на САД во Европа” , истакна Ворен.

Вчера дел од инволвираните екипи во тактички курс “EAATTC 15-1” на Европската воено-транспортна авијација исполнија задачи на аеродромот Чешнегирово, пренесоа pan.bg. Поранешната воена база беше користена како оперативен аеродром, на што се извршија слетувања и полетуваае, како и депота патека , како и обезбедување на летовите од страна на бугарските воздухопловни сили, пишува военото издание.Во воените вежби во вторникот учествуваа екипи и авиони Ц-27J Spartan, C160 Transall и C-130 Hercules од ВВС соодветно на Бугарија, Германија и Италија. Денес се очекува да се вклучат и француските воздухопловни сили со С-130.

Операцијата “Атлантска решителност” се одржува за зајакнување на безбедноста на земјите членки на Алијансата со цел ситуацијата околу Украина, велат од Пентагон.

Од своја страна, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека спроведената минатата недела голема воена вежба става почетокот на серија од слични вежби оваа година, пренесоа американските медиуми. Неодамна рускитее маневри зафатија огромен регион од Арктикот до Црното Море, со учество на 80 000 војници, околу 100 воени бродови и над 220 авиони.