Во јануари 71,7 отсто од струјата од домашни извори

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Македонија во јануари годинава вкупно потрошила 903.598 мегават часови електрична енергија, 29.699 милиони нормални метри кубни природен гас, 494.898 тони јаглен и 73.627 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 71,7 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 97,1 процент од вкупно потрошениот јаглен е употребен за производство на струја.