Во понеделник во Брисел почнуваат преговори меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
108 прегледи
Во понеделник во Брисел е закажана првата средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Опозицијата ќе ја претставува Радмила Шеќеринска а во име на власта веројатно ќе учествува министерот за надворешни работи Никола Попоски, дознава порталот НоваТВ.
brisel-eu-bih-1337067094-162074

Според информации од Европскиот парламент, можно е во Брисел да дојдат и двајца претставници на власта.

Од европска страна на средбата се очекуваат тројца пратеници од Европскиот парламент (ЕП): Едвард Кукан од демохристијанската група, либералот Иво Вајгл (известувач за Македонија во ЕП) и Ричард Ховит од групата на социјалистите.

Ова е прв обид за преговори помеѓу двете партии, а тројцата европски пратеници ќе бидат само олеснувачи и нема да излезат со свои предлози за излез од кризата.