Ставриќ: Среќен сум што судот донесе праведна одлука во политичко монтиран процес

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Апелацискиот суд ја укина пресудата за очниот хирург Дејан Ставриќ, кој беше осуден на една година затвор, поради наводно земање мито од 2.000 евра, за да посредува при добивање на инвалидска пензија и случајот го враќа на повторно судење.

maxresdefault (2)

„Среќен сум што судот донесе праведна одлука, и задоволе сум што во овој политичко – монтиран процес во кој беа прекршени многу закони Апелацискиот суд донесе правилна одлука “, изјави д-р Дејан Ставриќ за Репортер.мк.

Во решението на Апелацискиот суд се наведува дека се укинува пресудата, по што случајот се враќа на повторно судење на првостепениот суд.

„Се укажува дека Кривичнот суд сторил битни повреди на одредбата на кривичната постапка со упатство, како да ги утврди фактите и околностите за донесување на правилна пресуда“, се наведува понатаму во решението.